Касата на УЕФА се наполни од казни, Хрватите, Албанците и Србите платија најмногу! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

УЕФА од казните кои ги делеше на репрезентациите за време на групната фаза од Европското првенство инкасираше 1,3 милиони евра.

За половина од оваа сума заслужни се балканските навивачи. Најмногу казни собраа Хрватите кои ќе треба да платат сума од 220,875 евра, втори се Албанците со 171,375 евра, па Србите со 166,625 евра.

Четири држави имаа примерни навивачи, тоа се Франција, Словачка, Шпанија и Германија. За разлика од првите три на овој список, Германците сепак имаат казна, но таа не е поради однесувањето на навивачите, туку поради организациски пропусти како земја домаќин на шампионатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани