Фудбалерите на Турција ќе се судрат со Австрија во осминафиналето на Европското првенство. Во пресрет на овој натпревар Турците нема да можат да сметаат на Хакан Чалханоглу и Самет Акајден кои се суспендирани, а противникот покажа многу на ова првенство и важи за фаворит.
Пред натпреварот своите очекувања ги изнесе селекторот Винченцо Монтела.
„Тие се комплетен тим и веројатно најдобриот тим на ова првенство. Ова е тим кој притиска многу високо и агресивно, а во исто време и постојано. Одлични се во транзицијата, во различни фази од играта. Ме потсетуваат на клупски тим, бидејќи умеат да ги препознаат сите различни ситуации во текот на играта“, најави Монтела.
Турција и Австрија го играат својот осминафинален натпревар кој е последен на програмата вечерва во 21:00.