241
Англискиот фудбалер Џуд Белингем може да биде санкциониран од страна на УЕФА поради шега која ја направи за време на мечот со Словачка.
Ѕвездата на Англија за време на прославата имаше срамна гестикулација, за која многумина веруваа дека е провокација кон Словаците. Потоа Белингем објасни дека не се работи за такво нешто, туку интерна шега со пријатели.
И покрај тоа, постои шанса УЕФА да го казни Белингем со некаква суспензија, можеби и ќе пропушти натпревар на Европското првенство.
Сепак, УЕФА прво побара време за да ги добие официјалните извештаи за натпреварот од делегатот пред да донесе одлука.