Белингем направи непристоен гест кон клупата на Словачка, па се правдаше (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Белингем

Џуд Белингем ризикува да добие казна од УЕФА за еден непристоен гест кој го направи по постигнатиот гол во 95. минута на синоќешниот натпревар помеѓу Англија и Словачка.

„Трите лава“ синоќа беа пред елиминација од Европското првенство, но Џуд Белингем со акробатски гол во 95. минута изедначи на 1-1 и избори продолженија, каде Хари Кејн погоди уште еднаш и ја однесе Англија во четвртфинале.

Фудбалерот од средниот ред сега може да се најде во проблеми поради еден непристоен гест кој го направи кон клупата на Словачка.

Европската куќа на фудбалот ќе го чека извештајот на судијата и другите официјални лица, па потоа ќе одлучи дали ќе го казни Џуд Белингем.

Во меѓувреме, откако самиот играч стана свесен за видеото кое кружи на социјалните мрежи, се огласи и порача дека било само интерна шега со пријатели кои го бодреле на трибините.

„Гестот е интерна шега наменета за блиски пријатели кои беа на трибините. Имам само почит за начинот на кој Словачка одигра вечерва“ – гласеше пораката од ѕвездата на Реал Мадрид.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани