243
Англија не играше ништо и беше на работ до елиминација од Словачка, но Белингем постигна фантастичен гол во 95. минута за 1-1, а потоа Кејн даде во продолжението и се протнаа во четвртфиналето.
Неколку нервозни англиски фанови во текот на мечот ја загубија вербата во своите фудбалери па порано излегоа од стадионот. Нивниот потег се покажа како исклучително глупав со оглед на тоа што Англија постигна два гола и го доби мечот.