206
Бразил со 4-1 го победи Парагвај, а играч на натпреварот беше Винисиус Жуниор кој даде два гола.
Винисиус е еден од најдобрите играчи во светот во моментов, но важи и за фудбалер кој често се жали поради различни работи.
Против Парагвај, Бразил доби два пенали, противникот заработи и црвен картон, но Винисиус имаше забелешки на судењето.
„Многу е тешко да се игра на овие стадиони на кои судиите секогаш се против нас. Начинот на кој КОНМЕБОЛ го третира Бразил е многу комплициран“, изјави Винисиус по натпреварот.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.