Јувентус за 18 милиони евра го продаде Моизе Кин на Фиорентина и тргна по Турам

by bojan
1 минути читање
Кин

Голем број на извори пренесуваат дека Јувентус и Фиорентина си подале рака за трансфер на Моизе Кин вреден 13+5 милиони евра, со овие пари, „старата дама“ ќе се обиде да го донесе Кефрен Турам од Ница.

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џинтоли има полни раце работа и работи на неколку зделки.

Последните информации велат дека паднал договор за трансфер  на Моизе Кин во Фиорентина.

„Виолетовите“ се сложиле да платат 13 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси, за напаѓачот кој минатата сезона не постигна ниту еден гол во Серија А.

Јувентус со овие пари веднаш ќе тргне по Кефран Турам од Ница, братот на Маркус Турам од Интер.

Кефран Турам има уште една година од договорот, па „старата дама“ верува дека за слична сума (18-20 милиони евра) ќе пронајде дил со Ница.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани