Пред извесно време стигна информација дека Челси се откажал од трката по Нико Вилијамс бидејќи неговата откупна клаузула од 58 милиони евра е превисока за нив, а сега има гласини дека го сакаат Александер Исак од Њукасл кој чини повеќе од 115 милиони фунти.
Нико Вилијамс покажува импресивни партии на Европското првенство, па Челси се вброи меѓу заинтересираните. Но, сините наводно се откажале бидејќи им бил прескап.
„Дејли Мејл“ денеска пишува дека Челси прави конкретен обид да го ангажира Александер Исак, преговорите меѓу двата клуба се веќе почнати.
Цената на Исак е преку 115 милиони фунти, што го прави повеќе од двојно поскап од Нико Вилијамс.
Трансфер политиката на Челси во изминатите неколку преодни рока е мета на критики поради чудните одлуки.