Ноќеска на програмата беа два меча од Копа Америка, САД со 2-0 беше подобар од селекцијата на Боливија, Уругвај со 3-1 ја совлада Панама.
Резултатот на мечот меѓу САД и Боливија беше отворен уште во третата минута кога Пулишиќ постигна супер гол од далечина.
Пред самиот крај на второто полувреме Пулишиќ асистираше до Балоган кој реализираше за конечни 2-0.
Двојно повеќе голови имаше на мечот меѓу Уругвај и Панама кој исто така почна со одличен погодок. Максимилијано Араухо во 16. минута даде спектакуларен гол за водство на Уругвајците од 1-0. Останатите погодоци паднаа во финишот од мечот.
Во 85. минута Нуњез начека една топка и ја смести во мрежата на Панама за сигурно водство од 2-0 за Уругвај.
Во 91. минута Виња реализираше со глава за 3-0 за Уругвај, но тоа не беше се. Муриљо погоди во 95. минута за Панама за конечни 3-1.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.