Избегната трагедија на ЕП: Унгарец по судир загуби свест, докторите му го спасија животот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Страшна сцена се случи на натпреварот меѓу Шкотска и Унгарија во рамките на третото коло од групата А на Европското првенство.

Течеше 68 минута кога при еден прекин и нафрлување голманот Ган налета на противнички напаѓач. Барнабас Варга доби удар во главата, падна на теренот и потоа загуби свест. Брзата реакција на лекарите и медицинскиот персонал веројатно му го спаси животот.

Играчите на Унгарија и Шкотска го заобиколија и затворија зад барикада, а Варга потоа на носилка беше пренесен во болница.

Последните информации велат дека Унгарецот е во стабилна состојба, тој е буден и комуницира, а испитувањата ќе продолжат во текот на ноќта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани