Фудбалската репрезентација на Германија избегна пораз од Швајцарија со гол во судиското продолжение (1-1) и се одржа на првото место од групата А на Европското првенство.
Домаќинот на првенството на овој натпревар имаше улога на гостин, а одлично влезе во средбата и почна со притисок. Мрежата на Зомер се тресеше во 17 минута, меѓутоа судијата Орсато по преглед на ВАР снимката утврди фаул од Хаверц во акцијата која водеше до голот. Швајцарија успеа да го изненади фаворитот, откако Дан Ндоје искористи асистенција од Ремо Фројлер и во 28 минута донесе предност на својата селекција. До полувремето Германците не успеаја да ја пробијат одбраната на Швајцарците.
Во продолжението сè беше подредено на германските напади, ама и цврстата швајцарска дефанзива. Се обидуваа момците на Нагелсман од позициите кои ги добиваа, но тие не беа сјајни. Во неколку наврати Зомер беше на искушенија и успеа да ги спречи ударите на противничките фудбалери. Завршниот притисок беше најсилен, имаше по некој обид преку Крос и Сане, меѓутоа резултатски промени немаше. По една контра до гол дојде Варгас, меѓутоа имаше офсајд и погодокот беше поништен.
Херој на Германците беше резервниот напаѓач Никлас Филкруг, кој во 92 минута успеа да го скрши отпорот на противникот и со глава донесе реми. Со овој бод Германците го задржаа првото место во групата, а Швајцарија ќе чека ривал во осминафиналето од второто место.
Во оваа група до третото место се дофати Унгарија, бидејќи со гол во 100 минута ја победи Шкотска (0-1). Се играше долг натпревар во Штутгарт, аргентинскиот судија додели дури десет дополнителни минути и на истекот на последната стрела Кевин Цсобот за голема победа на унгарската репрезентација.