200
Португалија со победа над Турција (0-3) само го потврди местото во нокаут фазата на Европското првенство.
На овој натпревар Кристијано Роналдо забележа уште еден рекорд. Ѕвездата на португалскиот тим имаше ситуација во која можеше да даде гол, но го проигра Бруно Фернандеш. Со таа асистенција Роналдо стана највозрасен асистент на првенствата на стариот континент.
Покрај тоа, Кристијано Роналдо е играч со најмногу Европски првенства (вкупно шест), најмногу настапи на овие првенства (27), најмногу победи (18), најмногу голови (14) и најмногу асистенции (7).
Поради овие бројки може без проблем да се каже дека Роналдо е „кралот“ на Европските првенства.