Одлуката на Монтела која сите ги изненади: Познато зошто Ѓулер не стартуваше против Португалија

by Стефан
1 минути читање

Изненадување од Монтела беше одлуката да го остави Арда Ѓулер на клупата за резерви во натпреварот против Португалија, а италијанскиот стратег по мечот објасни зошто се одлучил на таков потег.

Турција беше поразена со убедливи 3:0 и играта на репрезентацијата не беше на нивото од претходниот дуел со Грузија кој го добија со 3:1.

Една од главните причини сигурно е неиграњето на Ѓулер од првата минута.

„Жалам што го оставив Арда на клупата, но тој беше изморен и постоеше ризик од повреда. На крајот го пуштив на теренот за да постигнеме барем еден гол, но не успеавме“, изјави Монтела.

Во последното коло Турција ќе игра со Чешка и со победа би обезбедила место во нокаут фазата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани