250
Полска стана првата репрезентација која ги загуби сите шанси за пласман во нокаут фазата на Европското првенство, а од овој натпревар беше направена и фотографија која стана хит на социјалните мрежи.
Имено, навивач кој платил 60 евра за влезница, објави фотографија на која се гледа како седи пред висок столб.
„Шеесет евра за ова седиште“, напиша фанот по име Даниел на Твитер и фотографијата брзо стана вирална.
Голем дел од навивачите се прашуваат како е можно да се продаваат влезници за вакви седишта. Ќе потсетиме во тој натпревар Полска беше поразена од Австрија, па натпреварот против Французите во последното коло нема да има резултатско значење.