Селекциите на Грузија и Чешка ги поделија бодовите во првиот натпревар од денешната програма на Европското првенство.
Доминираа Чесите, но голманот Мамардашвили беше фантастичен на голот и најзаслужен што Грузија го освои првиот историски бод на едно Европско првенство.
Натпреварот започна со шанси пред голот на Грузијците. Чешка ја затресе и мрежата во 23. минута, но тој гол беше поништен поради игра со рака. ВАР одново се огласи во самата завршница од првиот дел кога Грузија доби пенал.
Микаутадѕе не погреши, па Грузија на паузата замина со предност. Сликата на теренот не се промени и во второто полувреме. Одбраната на Грузија конечно попушти по еден час игра кога Патрик Шик се запиша во листата на стрелци.
Иако во најголем дел од натпреварот се бранеа во 95. минута Грузија имаше и огромна шанса да ја шокира Чешка…
До крајот гледавме напади на чешките фудбалери кои не успеаа да постигнат втор гол. Во последното коло ќе играат против Турција, додека Грузија оди на натпревар со Португалија.