Трагедија можела да се случи на ЕП: Навивач паднал од трибини и останал без свест

by Стефан
1 минути читање

Во текот на вчерашниот ден во натпреварот помеѓу Полска и Австрија во рамките од групата „Д“ реагирале и медицинските екипи на стадионот во Берлин.

Како што објавуваат германските медиуми еден навивач паднал од трибината и завршил во болница.

Станувало збор за пад од висина од околу три метри па поради тоа навивачот и кратко останал без свест. По интервенцијата на стадионот тој веднаш бил пренесен и во болница каде што бил задржан на лекување.

Од полицијата потврдија дека не станувало збор за некаков инцидент или тепачка, туку само невнимание од страна на навивачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани