Се огласи таткото на Даку: Мојот син не заслужува да биде суспендиран

by Стефан
1 минути читање

И понатаму во јавноста актуелната тема е ситуацијата со албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку кој го навлече гневот на себе со навредите во натпреварот помеѓу Хрватска и Албанија.

За рускиот „Спорт24“ сега се огласи и таткото на албанскиот репрезентативец кој се обиде да најде оправдување за скандалозното однесување на неговиот син. Според него Даку не треба да биде суспендиран.

„Мојот син не кажал работи какви што пишуваат медиумите. Тој е емотивна и експлозивна личност, го направи тоа ненамерно и им се извини на оние кои ги повреди. Мислам дека сепак нема да се збогува со турнирот. 100% е погрешно да се повикува на убивање Срби и тоа е јасно. Сигурен сум дека знае каква грешка направил.

Во Хрватска, Словенија и сега во Русија, Мирлинд секаде има голема поддршка од фановите, добро го знаат неговото однесување. Навистина е добро момче, но ова му е прво Европското првенство и го игра со многу емоции. Не заслужува суспензија од турнирот“, изјави таткото на фудбалерот.

Ќе потсетиме, УЕФА,, но и клубот каде што настапува, рускиот Рубин Казан веќе најавија дека ќе го казнат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани