Французинот минатото лето пристигна на Стемфорд Бриџ во трансфер вреден
околу 32 милиони фунти и веднаш се промовираше како клучен играч во системот на
новиот тренер Антонио Конте.
За одличните партии, Нголо Канте доби признание од своите колеги и
новинарите, и беше прогласен за Фудбалер на Годината во двата избора.
Вчера беше одржана церемонијата на која играчот ја доби наградата од новинарите, а техничкиот директор на Челси, Мајкл Еменало откри една
интересна анегдота.
„По првиот тренинг на Канте со нас, сите играчи го гушкаа а јас на Лестер
му исправив цвеќиња” –
откри Еменало со насмевка на лицето.
„Држам говор
место Конте, тој не сакаше да присусвува на оваа церемонија бидејќи новинарите не можеа да најдат 25
награди за сите негови играчи”.
„Но доколку беше
тука, ќе кажеше дека Канте е фантастичен играч, многу добар во сите тактички
аспекти, но мора да се подобри”.
„Лудост е да се
помисли дека Нголо Канте може да се подобри, со оглед на тоа дека успеа да подобри
два фантастични клубови и да им помогне да стигнат до титулата во Премиерлигата во
последните две години”.
Французинот
минатата сезона беше еден од најзаслужните во огромниот успех на Лестер и патот
на „Лисиците“ до шампионската титула во Англија.