Најдобрата македонска фудбалерка по пет години го напушти Леванте

by Стефан
1 минути читање

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова по пет години си заминува од редовите на Леванте.

Андонова го напушта Леванте откако во овој клуб пристигна во 2019 година и од тој момент одигра 140 натпревари во кои постигна 24 гола.

Во кариерата во Македонија, Андонова го носеше дресот на Борец и Тиквешанка, за потоа да изгади интернационална кариера во: Барселона, ПСЖ, Розенгард и Турбине Постдам.

Дресот на репрезентацијата на Македонија го носи од 2008 година и вкупно собра 33 натпревари во кои запиша 14 гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани