Албанскиот репрезентативец зеде мегафон и почна песна во која се пцујат Македонците! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот од второто коло на Европското првенство меѓу Хрватска и Албанија заврши без победник (2-2), а за време на истиот имаше доста недолични скандирања.

Во текот на мечот се извикуваа пароли за смрт на Србите, додека по крајот на дуелот имаше и навреди кон Македонија. Мирлинд Даку дојде пред трибината на која беа сместени најголем број на албанските навивачи, го зеде мегафонот и почна да повикува.

Даку започна песна во која се пцујат Македонците. Останува да се види дали УЕФА ќе реагира и ќе подели казни, бидејќи навивачите на трибините имаа многу недолични довикувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани