Хрватска и Албанија одиграа возбудлив натпревар кој заврши нерешено 2-2, Хрватите може да жалат за ремито бидејќи примија гол пред самиот крај на мечот.
Албанија поведе уште во 11. минута со гол на Лачи. Албанците во првиот дел имаа шанси да заминат и со поубедливо водство на одморот.
Хрватска во првото полувреме изгледаше очајно лошо, но во вториот дел работите се променија. Станаа многу поконкретни, а таквата игра донесе резултат.
Хрватите изедначија во 74. минута со гол на Крамариќ, а само две минути подоцна Ѓасула си постигна автогол за комплетен пресврт и водство на Хрватска од 2-1.
Кога сите очекуваа дека така и ќе заврши натпреварот, Ѓасула се искупи за автоголот, во 95. минута погоди во мрежата на Хрватите за конечни 2-2.
Овој резултат не им одговара на ниту една од двете репрезентации, за пласман во осминафиналето ќе мора да победат во последното коло. Хрватска ќе игра против Италија, а Албанија против Шпанија.