Бонџорно: Ќе биде тешко против Шпанија, мора да го запреме Јамал…

by 24 фудбал
1 минути читање

Второто коло на Европското првенство ќе донесе неколку дерби дуели, а прв од тие е пресметката на Италија и Шпанија. По стартните победи двата фаворити во групата во која се натпреваруваат Албанија и Хрватска ќе го одиграат веројатно клучниот натпревар во битката за првото место.

Во пресрет на дуелот своите очекувања ги изнесе стоперот на италијанскиот состав Алесандро Бонџорно.

„Мора да бидеме подготвени. Ќе биде навистина тешко против Шпанија. Мора да се позиционираме добро, да држиме посед и да направиме притисок. Треба да ги запреме нивните крила. Ќе се обидеме да го лимитираме младиот Јамал колку што е можно, бидејќи тој може да нè повреди. Мислам дека можеме да го исполниме зацртаното“, изјави Бонџорно.

Пресметката на Шпанија и Италија ќе се одигра во четврток на „Велтинс Арената“ во Гелзенкирхен, во последниот термин од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани