Изминатиот период во центарот на вниманието од ЕП беше репрезентацијата на Србија во која имаше несогласувања помеѓу селекторот Пикси и капитенот Душан Тадиќ, но сега се појави уште една репрезентација во коај има проблеми.
Имено, новинарите на „Билд“ пишуваат за проблеми во селекцијата на Украина по поразот од Романија.
Наводно, голманот Андриј Лунин и дефанзивецот Олександер Зинченко одлучиле да одржат состанок со соиграчите, но да го избркаат селекторот Ребров. Засега не се познати причините за ваквата одлука на двајцата фудбалери.
Како можна причина се наведуваат критиките кои Ребров ги испрати на прес-конференцијата.
„Дојдени сме тука да ја претставуваме Украина. Играчите добиваат пораки од војници и цела нација ги поддржува. Секој треба да го даде максиумот, а ако не може, тогаш ќе биде тешко“, изјави Ребров.