161
Камерите го уловија како Алваро Мората одбива да се поздрави со Зинедин Зидан откако беше заменет на дуелот со Севиља, напаѓачот беше до толку лут што не сакаше ниту да го погледне тренерот.
Зинедин Зидан на денешната прес конференција ја објасни реакцијата на голгетерот.
„Не беше лут на мене“ – вели Французинот.
„Беше лут на нешто друго, не знам на што точно. Се случуваат вакви работи. Разговаравме и сето ова е веќе минато“.