Жесток напад врз Гвардиола: Или Пеп знаел и е измамник, или бил слеп!

by bojan
1 минути читање
Гвардиола против Ливерпул го има натпреварот број 1.000 како тренер

Колумнистот на „Тајмс“, Метју Сајед жестоко го нападна Пеп Гвардиола откако Премиерлигата објави дека Манчестер Сити е прогласен за виновен по сите обвиненија за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.

Оваа недела, Премиерлигата ги сподели резултатите по долгогодишна истрага, Манчестер Сити ги „напумпал“ спонзорските договори за околу 830 милиони фунти во периодот од 2009 до 2018.

Скандалот може да донесе потрес на „островото“ и „граѓаните“ да добијат жестока казна.

По објавената пресуда, колумнистот на „Тајмс“, Метју Сајед реши да упати критики и на адреса на Пеп Гвардиола, кој цело време го бранеше клубот, а даде поддршка и оваа недела.

„Сега знаеме дека тој водел корумпиран клуб, платен со корумпирани договори, поттикнуван од корумпирани компании и во период кој сега можеме да го наречеме корумпирана ера“ –  започнува овој остар напис против Сити и шпанскиот стратег.

„Постојат две прашања. Или Пеп знаел, па затоа не е ниту визионер ниту легенда, туку само измамник, или не знаел, и во тој случај е човек кој не забележал нешто што било очигледно“.

Сајед додава дека и тој самиот повеќе од една деценија ги ставал под знак прашалник финансиските операции на Манчестер Сити, и покрај навредите и заканите што ги добивал .

„А Пеп не видел ништо? Дали е слеп?“ – прашува колумнистот.

На крајот, тој додава дека постои и трета можност, односно лицемерство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×