Денеска на ЕП: Франција го почнува настапот на Европското првенство, прв противник им е Австрија

by riste
2 минути читање

Понеделник: 17.06.2024 – Француската репрезентација која важи за втор фаворит на Европското првенство денеска се појавува на сцената, во вечерниот термин од 21 часот играат против Австрија, денот го почнуваат Романија и Украина, а играат уште и Белгија и Словачка.

15:00 Романија – Украина

Денешниот ден на Европското првенство започнува со дуелот меѓу Романија и Украина. Со оглед на групата во која настапуваат, целта на двете селекции е иста, пласман во нокаут фазата. Украина е фаворит, имаат подобар состав, но Романците имаат свои сметки и сигурно и тие го гледаат овој натпревар како можност за освојување на бодови.

18:00 Белгија – Словачка

Белгија ќе влезе како сериозен фаворит против Словачка. Белгијците имаат одличен тим и важат за репрезентација која треба да се следи. Не се меѓу првите фаворити на турнирот, но имаат доволно квалитетни играчи да се носат со секој. Белгијците се главниот фаворит во групата, плановите за бодови на Словачка се насочени кон мечевите со Украина и Романија, но вечерва сигурно нема да се предадат однапред. Целта ќе им биде да останат непоразени.

21:00 Австрија – Франција

Кога се фаворитите за освојување на Европското првенство во прашање, Франција е веднаш зад Англија. Првиот тест за Французите ќе биде селекцијата на Австрија. Мбапе за првпат како капитен ќе настапува на еден голем турнир и сака да донесе радост за својата земја. Австрија имаше серија на одлични резултати во изминатиот период, пред крајот на годината ја победи Германија, а пред ЕП славеше и над Србија, во март ја декласираа Турција со 6-1, па со полна самодоверба ќе влезат во вечерашниот меч и покрај тоа што на хартија се аутсајдер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани