Словенија и Данска го одиграа првото реми на Европското првенство (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Словенија и Данска одиграа 1-1 во првото коло на Европското првенство, Данците долго време имаа предост, но попуштија во финишот кога Словенците дојдоа до бод.

Данска влезе како фаврот во овој меч, но не успеа да дојде до победата, Словенија обезбеди реми, а лесно можеше да се случи да дојде и до трите бода.

Данците поведоа уште во 17. минута со гол на Ериксен по убаво додавање од Винд.

Словенија изедначи во 77. минута кога Јанжа биеше од далечина, топката го промени правецот и заврши зад грбот на Шмајхел за конечни 1-1.

Двете селекции имаа свои шанси, Шешко ја погоди и стативата од голот на Данците, но трет гол немаше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани