Бебето од легендарната прослава на Бебето и Барзилците на СП 1994 потпиша за Спортинг (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Еден од
најпознатите моменти на мундијалот во САД е прославата на голот на Бебето во четвртфиналето
помеѓу Бразил и Холандија.

Бебето го соопшти
раѓањето на неговиот син и заедно со Ромарио и Мазињо славеа така што во рацете
„лулала“ новородено дете.

Матеус Оливеира
тргна по стапките на неговиот татко, и 23 години по легендарната прослава тој
потпиша за португалскиот гигант Спортинг Лисабон.


Офанзивниот
фудбалер од средниот ред потекнува од младинската школа на Фламенго, а во 2015
пристигна во Европа во редовите на Ешторил.

Иако Матеус
Оливеира не може да се пофали со некој спектакуларни бројки зад своето име,
очигледно Спортинг Лисабон има голема верба во неговите квалитети и очекува
Бразилецот да биде голема ѕвезда во иднина, па во неговиот договор вметна
откупна клаузула од фантастични 60 милиони евра.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани