Од германската полиција за Скај Спортс брифираат дека српските навивачи всушност се тепале со албански навивачи, а не со Англичани.
Пред еден час на социјалните мрежи се појавија видеа од масовна тепачка во Гелзенкирхен, летаа чаши, столчиња и маси во еден локал.
Во прв момент се пишуваше дека настанала тепачка помеѓу српски и англиски навивачи, но полициски извори за Скај Спортс брифираат дека всушност тепачката била помеѓу Срби и Албанци, а Англичани не биле инволвирани во инцидентот.
Изминативе денови во Германија во неколку наврати имаше провокации помеѓу српските и албанските навивачи.
German police have dealt with an incident involving Albanian & Serbian fans near the centre of Gelsenkirchen. Most senior German police officer on the scene says at the moment they believe the incident did not involve England fans. pic.twitter.com/GgQxmNNcvi
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 16, 2024