Луди сцени во плеј-офот за влез во вторта лига на Шпанија, Малага постигна гол гротив Настик со две топки на теренот, гостите сака да се прават паметни, но финтата не им помина кај судијата.
Малага и Настик е едно од двете финалиња за влез во втората лига на Шпанија, а синоќешниот прв натпревар донесе луди сцени.
Во финишот на првиот дел, домаќините добија корнер и додека се подготвуваа да го изведат, гостинскиот фудбалер Алан Годој, тргна да исфрли една топка која стоеше во шеснаесетникот.
И наместо да го стори тоа што е можно побрзо и да се врати во позиција да брани, тој реши да се прави паметен, ја врати топката назад во теренот, во исто време кога беше изведен корнерот по кој Роберто Фернандез ја затресе мрежата.
La jugada de la polémica en el @MalagaCF vs @NASTICTARRAGONA, vista desde otro punto de vista.pic.twitter.com/aq0l1wSxR0
— GRADA B pro (@GradaBpro) June 15, 2024
Домаќините се радуваа, гостите жестоко протестираа, а судијата одлучи да го признае голот.
Тој доследно ги толкуваше правилата кои велат дека во случај на две топки во теренот, играта се прекинува само доколку втората топка влијае врз играта, а во случајов не влијаеше.
Поранешниот судија Итуралде Гонзалез, ја поздрави одлуката на главниот судија, вели дека била сосема исправна, и смета дека требал да му покаже жолт картон на гостинскиот фудбалер кој се правел паметен.