Минатата недела, медиумите од Колумбија објавија дека Хамес Родригез веќе
се договорил со Манчестер јунајтед и планира кариерата да ја продолжи на Олд
Трафорд.
Денеска на оваа тема пристигнуваат нови информации од Јужна Америка.
Според Радио Каракол, трасферот на Хамес Родригез во Манчестер јунајтед ќе
биде потврден во недела, на 21. мај, по крајот на првенството во Шпанија.
АС, кој е весник близок до Реал Мадрид, се сомнева во ваквите стории, и
вели дека поверојатно е зделката да биде соопштена по крајот на финалето од
Лигата на шампионите.
„Кралевите“ не сакаат трансферот да им го одземе вниманието пред
пресметката со Јувентус во Кардиф.
Но медиумите од Колумбија пишуваат дека Хамес Родригез сака што поскоро да
им открие на фановите каде ќе игра следната сезона.