80
Спортскиот директор на Интер патува во Лондон да му пренесе голема понуда на Покетино и да се обиде да го убеди да ја прифати.
Тој во моментов во Тотенхем добива годишна плата од 4,2 милиони фунти, а Интер му нуди 8,5, што е двојно повеќе.
Аргентинскиот стратег има одлична сезона со Тотенхем, завршува на второто место во Премиерлигата и уште одамна обезбеди место во Лигата на шампионите.
Интер го отпушти Стефано Пиоли и за следната сезона сака елитен тренер, први опции им беа Антонио Конте и Диего Симеоне, но се поизвесно е дека нема да добијат ниту еден од овие двајца.