Возбудлив меч на Стемфорд Бриџ, Фабрегас во 88. минута донесе нова радост за Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во првиот
натпревар како нов шампион на Англија, Челси пред своите фанови триумфираше над
Ватфорд.

Резултатот го
отвори Тери во 22. минута, а само 120 секунди подоцна, дефанзивецот им подари
гол на гостите и Капу изедначи на 1-1.

До крајот на
првиот дел, Челси преку Азпиликуета поведе со 2-1.

На стартот од
вториот дел, Батшуаји погоди за 3-1, но гостите не се предадоа и најпрво преку
Јанмат во 51. минута намалија на 3-2, за Окака во 75. минута да изедначи на
3-3.

Сепак, последниот
збор на средбата го имаше Фабрегас, кој со гол во 88. минута ја донесе 29.
победа во сезоната.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани