Барселона е во потрага на нов тренер откако Луис Енрике реши да не го
продолжи договорот и летоска да замине.
Голем број имиња се поврзуваа со „Каталонците“ а последните извештаи велат
дека изборот паднал на Ернесто Валверде од Атлетик Билбао.
Оваа вест прв ја пренесе добро упатениот новинар на РАЦ 1, Жорди Басте.
Потоа со слични информации излезе и новинарот на Радио Канал Барселона,
Марсел Лоренте.
Лоренте додава дека презентацијата ќе се случи на 31. мај или 1. јуни, и
двете страни имаат договор според кој Ернесто Валверде финансиски ќе биде
обесштетен доколку не биде именуван за нов тренер.
Ел Мундо Депортиво пак стапи во контакт со еден од портпаролите на
Барселона, кој го демантираше сето ова.
„Нема ништо. Лидерите на клубот одлуката ќе ја донесат на 29. мај, по финалето на Копа дел Реј”
– гласи изјавата на портпаролот.