Tрансферот на Матвеј Сафонов во ПСЖ веќе предизвикува скандал

by bojan
1 минути читање
Сафонов

ПСЖ синоќа го промовираше првото засилување за новата сезона, во Париз пристигна Матвеј Сафонов во зделка вредна 20 милиони евра, но трансферот на Русинот веќе предизвикува скандал.

Луис Енрике побара нов квалитетен голман и поголема конкуренција за Џиџо Донарума, а изборот на директорот Луис Кампос беше Матвеј Сафанов од Краснодар.

По долги преговори, ПСЖ синоќа го промовираше Русинот како прво засилување за новата сезона во зделка вредна околу 20 милиони евра.

Но неговото неговиот трансфер во Париз веќе предизвикува скандал, нормално на сите им боде во очи тоа што Русинот пристигнува во главниот град на Франција во време кога има нетрпеливост помеѓу западот и Русија поради војната во Украина.

Многумина сметаат дека ова оди во полза на Владимир Путин, кој добил битка надвор од бојното поле.

Исто така, Матвеј Сафанов има финансиско-правни проблеми со својата поранешна сопруга, се говори дека и должи околу 600.000 евра на име на алиментација.

Па нејзините адвокати веднаш испратиле писмо до ПСЖ да ги извести за ситуацијата, а најавуваат и тужба пред француските судови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани