Англиската ѕвезда пред почетокот на ЕП побарала помош и од гатачка

by Стефан
1 минути читање

Ѕвездата на Манчестер Сити, Фил Фоден кој ќе настапи со Англија на Европското првенство пред почетокот на Европското првенство се одлучил на еден необичен потег.

Имено, Фоден заедно со својата девојка Ребека Кук бил во посета на гатачка. Двајцата ја посетиле гатачката Клои Смит кој се занимава со гледање на тарот карти. Станува збор за девојка која на 25 години почнала бесплатно да гледа на тарот, но започнала и да ги наплаќа своите услуги по 35 фунди. Денес таа е позната во Биртанија и многу луѓе се одлучуваат да им гледа во иднината.

Така Фоден и Клои освен што сакале да дознаат нешто повеќе за нивниот приватен живот, фудбалерот како што тврди „Сан“ ја прашал и за настапот на неговата репрезентација на Европското првенство.

Англичаните имаат моќен состав и се надеваат дека конечно ќе успеат да дојдат до европскиот трон. Ќе потсетиме на минатогодишното Европско првенство беа поразени во финалето од Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани