Англија ќе нема „резерви“ на Еверпското првенство, Саутгејт воведува нова култура

by bojan
2 минути читање
Англија

Во разговор со медиумите, Еберечи Езе откри дека во составот на Англија нема да се користи зборот резерви, на овој начин, селекторот Герет Саутгејт сака да покаже дека сите се важни.

Герет Саутгејт со нов пристап ќе се обиде да го извлече најдоброто од фудбалерите на Англија и конечно на „Трите Лава“ да им донесе трофеј од големите натпреварувања.

Еберечи Езе во разговор со новинарите откри дека составот добил иструкции да не го користи зборот „резерви“, оние кои ќе останат на клупата ќе бидат „финишери“ кои ќе треба да го променат темпото кога ќе добијат шанса.

Овој пристап, кој претходно е користен во рагби репрезентацијата на Англија, треба да помогне сите да се чувствуваат како важен дел од групата.

„Не се важни само 11-мината кои стартуваат, важен е целиот тим, културата, колективот. Победувате на натпреварување како колектив. Сите го знаат тоа, и сите мора да го разберат тоа“ – вели фудбалерот на Кристал Палас.

„Егото треба да се стави на страна, и да се фокусираме на она што е важно, а тоа е тимот. Доколку имате ваква култура, а ние имаме, си давате најдобри шанси за успех. Селекторот зборуваше за „финишери“, така ги викаме играчите кои ќе добијат шанса во продолжението. И тие треба да одиграат важна улога, не само 11-мината кои стартуваат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани