Селекторот на Австрија, Ралф Рангник организирал неколку настани за ментално да ги подготви своите фудбалери за Европското првенство.
Големите фудбалски натпреварувања се посебна приказна, не секогаш победува оној кој има најдобар состав, многу е важна атмосферата во групата, мотивацијата и менталниот склоп на фудбалерите.
Па селекторот на Австрија, Ралф Рангник организирал неколку настани за на најдобар начин да ги подготви своите фудбалери за Европското првенство.
Вчера, на репрезентативците на Австрија говор им држел Ралф Кругер, познат поранешен хокеар, кој имал успеси и како играч и како тренер.
Предавање ќе им одржи и Марк Гасерт, кој има црн појас во карате, теквондо и кунг-фу.
За утре попладне, на два дена пред пресметката со Франција во воведниот натпревар на Европското првенство, Ралф Рангник го има покането целиот тим на концерт на Род Стјуард во „Убер Арена“ во Берлин.