Познатиот ММА борец, Конор Мекгрегор се пофали на социјалните мрежи дека вложил голема сума на триумф на Шпанија на Европското првенство и чека милионска исплата.
Денеска стартува Европското првенство, па фудбалска треска ќе ги зафати сите големи љубители на спортот.
Еден од нив е познатиот ММА борец, Конор Мекгрегор кој очигледно ќе навива за Шпанија.
Ирецот на социјалните мрежи се пофали дека вложил голема сума (83.500 долари) на триумф на „црвената фурија“.
„Вамос Шпанија. Лесни пари на трумф на Шпанија на Европското првенство на мојот роденден. Убаво милионче за „Мек“!“ – напиша Конор Мекгрегор, кој ќе наполни 36 години на 14 јули денот кога се игра големото финале на континенталниот собир во Германија.
Vamos Spain! Easy money on the Spaniards to win the Euros on my birthday! A nice mil for The Mac!@Duelbits @SEFutbol @SergioRamos pic.twitter.com/VCunOxCbBh
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) June 13, 2024