Славје во Ротердам: Феенорд по 18 години шампион на Холандија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Искусниот напаѓач
Дирк Кајт е херој во Ротердам откако со три гола му донесе победа на Феенорд
над Хераклес со кои ја освоија титулата по цели 18 години.

Кајт ја најави
победата уште во 1. минута, за веќе во 12. зголеми на 2-0. Хет-трикот на мечот го
постигна во 84. минута од пенал. Се што направија гостите на мечот е ублажувањето
на поразот со голот на Олјен во претпоследната минута од регуларниот тек.

За Феенорд ова е
прва шампионска титула во Холандија по онаа во 1999. година, со тоа обезбеди и
директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите за следната сезона.

Конечниот епилог
на табелата во Холандија за второпласираниот Ајакс со бод помалку му носи
квалификации за Лигата на шампионите, додека ПСВ ќе се задоволи со директен
пласман во Лига Европа.

Утрехт, Витезе,
АЗ Алкмар и Твенте ќе играат доигрување за пласман во квалификациите за Лига
Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани