173
Екипата на
Кристал Палас со убедливата победа од 4-0 на домашен терен во рамките на
претпоследното коло од англиската Премиерлига над Хал, ги реши сите дилеми
околу борбата за опстанок.
Најнапред Заха го
отвори мечот во 3. минута, за потоа Бентеке во 34. минута да ја најави победата
на домаќините.
Во второто
полувреме Милијовениќ од пенал во 85. и Анхолт во 90. минута му донесоа
убедлива победа на домаќинот.
По овој пораз
екипата на Хал и дефинитивно ги загуби сите шанси за опстанок во Премиерлигата,
па така следната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип дивизијата.