296
Баерн Минхен постигна договор со Хироки Ито кој на Алијанц Арена пристигнува од Штутгарт, Баварците за него ќе платат 30 милиони евра колку што е откупната клаузула.
Баерн преговараше само со 25-годишниот јапонски дефанзивец и постигната е согласност за петгодишен договор. А Штутгарт е информиран дека ќе биде активирана откупната клаузула.
Во наредните денови треба да бидат завршени формалностите и трансферт и официјално да биде комплетиран.