Пристигна официјална потврдa, Мота е нов тренер на Јувентус!

by bojan
1 минути читање
Мота

Јувентус попладнево ја официјализираше соработката со Тијаго Мота, стратегот стави потпис на тригодишен договор.

Пристигна потврда на она што се најавуваше со недели, Тијаго Мота го превзема кормилото на Јувентус.

„Тијаго Мота е нов тренер на Јувентус. Стратегот стави потпис на договор до 30. јуни 2027 година“ – гласеше известувањето.

Се шпекулира дека Бразилецот со италијански пасош ќе има плата од 3,5 милиони евра по сезона во Торино, која со бонуси може да се искачи до 5 милиони евра.

„Навистина сум среќен што ќе почнам ново искуство на чело на голем клуб како Јувентус. Сакам да им се заблагодарам на сопствениците и раководството и да им ветам дека моите амбиции се клубот да бележи успеси и да ги израдуваме навивачите“ – рече Тијаго Мота.

Тијаго Мота својата тренерска кариера ја започна во школата на ПСЖ, потоа имаше 10-месечна авантура на клупата на Џенова, а потоа следуваа успешни етапи на клупите на Специја и Болоња.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани