Средбите на
Британија Стадионот по традиција се тешки за Арсенал, „Топчиите“ немаат победа
од 2010 на гостувањето кај Стоук.
Сепак, избраниците
на Арсен Венгер триумфираа кога најмногу беше потребно, за да го зголемат
притисокот врз Ливерпул во битката за топ четири.
Вечерва, Арсенал
лесно со 1-4 славеше за важни три бода.
Жиру пред финишот
на првиот дел го отвори резултатот, а Озил по десет минути игра во второто
полувреме зголеми на 0-2.
Крауч ги врати во
игра домаќините кога во 68. минута во стилот на Марадона со рака го измами Чех
и ја затресе мрежата на Арсенал.
Но тоа не ги
инспирираше домаќините, па со головите на Санчез и Жиру, Арсенал ги реши сите
дилеми.
Претходно, Свонси
направи значаен чекор кон опстанок откако со 0-2 славеше на гостувањето кај
отпишаниот Сандерленд.
Борнмут со 2-1 го
победи Барнли, а со ист резултат Саутемптон триумфираше на гостувањето кај
Мидлзбро.