224
Фудбалската репрезентација на Германија, односно селекторот Јулијан Нагелсман мораше да прави замена во составот.
Поради повреда на претстојното Европско првенство домаќинот нема да може да смета на Александар Павловиќ. 20-годишната млада ѕвезда на Баерн Минхен зад себе имаше успешна сезона и заслужено се најде меѓу избраниците на Нагелсман. Сепак, сега заработи повреда поради која ќе отсуствува од континенталниот собир.
На местото на Павловиќ селекторот Нагелсман повика искусно име. Се работи за Емре Чан од Борусија Дортмунд кој играше финале во Лигата на шампионите и беше потенцијален репрезентативец.