Возбудливо на Етихад, Сити трепереше за трите бода до 99. минута (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Граѓаните“ можеа
да си го искомплицираат животот во трката за местата кои водат во Лигата на
шампионите, откако попладнево потешко од очекувањата триумфираа над Лестер.

Избраниците на
Пеп Гвардиола добро го започнаа натпреварот и со головите на Силва и Жесус од
пенал стигнаа до предност од 2-0.

Сепак, Оказаки со
одличен волеј намали на 2-1 кон финишот на првиот дел.

Во продолжението
од средбата, Манчестер Сити никако не успеваше да постигне нов гол со кој
предвреме ќе го реши натпреварот, а противникот кој немаше што да загуби тргна
по изедначување.

Ријад Марез од
пенал ја затресе мрежата на Кабаљеро, но голот оправдано му беше поништен,
откако Алжирецот се лизна при ударот и два пати ја закачи топката.

Лестер напаѓаше
се до 99. минута, но домаќините некако успеаја да ја зачуваат мрежата.



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани