Реал Мадирд неодамна го потврди Килијан Мбапе, меѓутоа во клубот прават и планови за наредното лето.
Според последните најави на „Бернабеу“ треба да пристигне нов млада ѕвезда. Во прашање е Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.
Информациите на „Марка“ се дека Реал веќе има договор и со фудбалерот и со Леверкузен за трансфер наредното лето. Најавите се дека во прашање ќе биде најскапиот трансфер во историјата на клубот.
Нивниот план е да го доведат Вирц за 150 милиони евра и така би станал најплатениот играч во историјата на кралскиот клуб. Рекордот во овој момент го држи Еден Азар со 120.8 милиони.
Не е исклуечно следното лето Вирц во Мадрид да дојде заедно и со Чаби Алонсо ако Анчелоти одлучи да заврши со својот престој на клупата на „кралевите“.