209
Имено, како што
пренесуваат англиските медиуми, под истрага се наоѓа и трансферот на Бразилецот
Роберто Фирмино од германски Хофенхајм во премиерлигашот Ливерпул.
Неофицијално,
Ливерпул е ослободен од одговорност при реализацијата на овој трансфер, но
спорно е тоа што бундеслигашот од продажбата на Фирмино требало да заработи
околу 29 милиони фунти, а добил само 5,8 милиони фунти.
Најголемиот дел
од „колачот“ според информациите и припаднале на агенција која е во
сопствеништво на милијардерот Дитмар Хоп, кој воедно е сопственикот на
Хофенхајм.