80
Популарните „Чавки“ во неделата станаа шампиони на Чемпионшип дивизијата по победата од 3-0 над Барнсли и експресно се вратија во Премиерлигата.
И покрај тоа што Рафа Бенитез одлично си ја заврши работата, иднината на стратегот беше ставена под знак прашалник.
Па стратегот вчера одржа кризен состанок со сопственикот Мајк Ешли.
Шпанецот со хеликоптер бил пренесен до канцелариите на Спортс Дајрект за срдба очи в очи со Ешли.
Скај Спортс пренесува дека Рафа Бенитез добил гаранции како и ветувања за трансфер буџет од најмалку 70 милиони фунти.
Стратегот од претходно има добиено и целосна контрола врз трансфер зделките и играчите кои ќе пристигнат и ќе заминат од Стемфорд Бриџ.