Клоп: Барселона го сака Кутињо? Нека подготви 400 милиони евра

by
1 минути читање

Ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо се поврзува со заминување од Енфилд и преселба во Барселона, но Јирген Клоп не верува дека тоа ќе се случи.

„Кога Кутињо потпиша нов договор? Во јануари, со откупна клаузула од 400 милиони евра“ – прокоментира Клоп на шала, пред да се воозбили:

„Апсолутно не постојат планови да го продадеме. Нашите сопственици велат дека постои можности никој да не продадеме ако не сакаме. И тоа е добро, имаме стабилна постава со добра база, сакаме да донесеме и свежа крв. Никој нема да не напушти ако ние не дадеме согласност. Така да опуштен сум кога е во прашање Кутињо“.

Кутињо има договор со Ливерпул до 2022 година и без дозвола од клубот нема да може да замине, но Бразилецот може да притиска со желба за трансфер, а тоа може да создаде проблем во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани